klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Животните приказни на Братислав Димитров: Нарцис без златоуст

Животните приказни на Братислав Димитров: Нарцис без златоуст
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·13. 07. 2026. 08:32:39

Братислав ДИМИТРОВ („Јас сум најубав, најпаметен и најсилен. И сето ова јас самиот го открив“) Уште 1914 година, неизбежниот Сигмунд Фројд го воведува поимот нарцизам како психолошки феномен. 1979 година американскиот историчар и социјален критичар Кристофер Лаш ја објавува книгата „Културата на нарцизмот“. Во неа основната теза е дека западноевропската цивилизација поттикнува нарцисоидни црти кај луѓето. Така стигнавме до фејсбук, селфи, ВИ, подаксти... И конечно и логично пристигна и единствениот накит за сиромашните души, познат како кич и шунд. Имав среќа. Освен некролози по бандери и тараби, читав и книги. А филмови гледав и кога спиев. Нормално, не ги запоставував ни другите образовни предмети. Како фота, цагер, жмурка, фанта, брканица, џамлии, споменар, пинг-понг, не лути се човече, домино, долга магарица... Редовно чепкање нос и миење уши, врат и нозе, се подразбира. Не се подразбира сечење нокти, затоа што за нас грицкалката беше подоцна пронајдена. Сечењето нокти со ножици беше болно, а со заби забрането од строгите наставници. Како е денес? Подобро е да ги прашаш модерниве зашто јас сум старомоден и прост. Ама еве, атер за колумнава, ќе пробам да објаснам. Нарциси се луѓе со вишок на форма и недостаток на содржина. Тие секогаш сакаат да бидат во центарот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti