Животните приказни на Братислав Димитров: Морето е вода што заборавила да биде река

Братислав ДИМИТРОВ Што значи овој наслов? Ништо. Се правам интересен. Сакам да бидам писател. Не страдам од вишок скромност, ама никогаш не сум се претставил како таков. Веднаш пред очи ми излегуваат Достоевски, Џојс и Кафка. И многу ми станува незгодно. Добро, лажам. Малку ми е незгодно, ама и тоа е доволно. Од друга страна, пак, гледам како насекаде и секој прави разни трилогии и шиба накај собрани дела. Па што сум јас покусо од нив? Одма почнувам за да не се пишманам. И да не си умрам без биографија. Зошто ги сакам старите добри времиња? Затоа што тогаш имав само еден расипан заб, редовно добивав (и праќав) разгледници и мислев дека мигрена е име на некоја холивудска секс-бомба! Ги сакам тие времиња затоа што тогаш имаше вистински лета. Под вистинско лето јас подразбирам најмалку три работи: секој да има дезодоранс за мишки, комунистички годишен одмор и чувство на гуштер оптегнат на морска карпа. Бескрајно дијамантско небо се подразбира, башка чешкање грб на места што не можеш да ги дофатиш. Тогаш имаше еден древен ритуал, денес неправедно заборавен. Пред секој важен настан, а најчесто кога одевме да полагаме испит, нашите мајки зад нас фрлаа вода од леген. За да ни…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
