klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Животните приказни на Братислав Димитров: Мајкл Џексон, човек или метафора?

Животните приказни на Братислав Димитров: Мајкл Џексон, човек или метафора?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 08:22:06

Овој текст го напишав пред 136 години, а сега ќе го довршам. Причината е едноставна и сурова. Денес е многу повеќе актуелен од тогаш. Денес живееме во глобална перверзија. Приватното стана јавно, а јавното приватно. Порано крадците од маало крадеа кокошки. Денес крадците од власт крадат маало. Секогаш ќе има самотија за тие што ја заслужиле. И секогаш ќе има луѓе кои не заслужуваат ни казна, затоа што таа ќе потврди дека се живи. Ова е светска приказна со локално значење. Ова е комедија која има само една маана. Воопшто не е смешна. Како почнува? Само што почна. Нашиот маалски филозоф Мане Кант еден ден престана да се жени. После петтиот брак со глас на дождовна глиста тажно изјави: „Ракија во шише и жена во кујна најмирни се“. Оваа древна (и проверена!) македонска народна поговорка никогаш не стигна до американското национално богатство познато под името Шерон Стоун. И затоа се случи тоа што се случи. Во едно интервју планетарната ѕвезда призна дека е осамена! После оваа спектакуларна исповед, во редовите на обичните смртници настана голема паника. Ако Шерон Стоун (богата, славна, убава и со највисок коефициент на интелигенција во Холивуд) е осамена, тогаш што да кажеме ние? Најдобро е да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti