Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Министерството за внатрешни работи информира дека утре, 23 октомври, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на македонската револуционерна борба, ќе се користат беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Од МВР соопштуваат дека за потребите на реализацијата на свеченоста, паркинг-просторот на Музејот на современата уметност ќе биде обезбедуван од 10 до 23:30 часот, поради што апелираат до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот. Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки за одбележување на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала. МВР нагласува дека станува збор за однапред планирани активности и апелира до граѓаните за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. МИА


