klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 12:57:08

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични премини. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на Богородица се чека околу 30 минути во двата правци. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Особена претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti