klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·04. 08. 2026. 09:32:11

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од годината. - Просечно интервенции на ИМП во врска со колапси има меѓу три и пет дневно, но во некои денови има и повеќе. Има повеќе повици кои се со симптоми на лошење, гадење, прегревање на телото, топлотен удар и многу често успеваме и со совет да им помогнеме на граѓаните, рече Георгиевски. Потенцира дека кај хронично болните поради топлото време може да има кардиолошки манифестации, срцеви и мозочни удари и варирање на крвниот притисок. - Препорачуваме од 11 до 17 часот да се избегнува директно изложување на сонце, да се консумираат доволно течности, најбитно вода, да не се консумира алкохол, ако мора да се излезе надвор да се носи полесна облека и капа на главата. Ако после подолго време изложеност на сонце се почувствуваат симптоми на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti