klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Зглобот на Алкарас целосно закрепна: Физички е уште подобар отколку пред повредата

Зглобот на Алкарас целосно закрепна: Физички е уште подобар отколку пред повредата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 05:25:05

Карлос Алкарас е сè поблиску до враќање на теренот, а според последните информации од неговиот тим, проблемот со десниот зглоб веќе не постои. Шпанецот нема настапено од април, кога на турнирот во Барселона почувствува болка во зглобот. Поради повредата пропушти голем дел од сезоната, а иако сè уште официјално не го потврдил датумот на враќање, се очекува повторно да заигра на Мастерсот во Синсинати, кој започнува на 13 август. Алкарас не е пријавен за Мастерсот во Канада, но се наоѓа на списокот на учесници во Синсинати. Шпанските медиуми објавија дека неговиот тим решил целосно да се насочи кон тоа тенисерот во Охајо да пристигне во најдобра можна форма. „Зглобот е здрав, целосно е закрепнат, а оптоварувањето на тренинзите постепено се зголемува“, објави шпанскиот весник „Ла Вердад“. „Зглобот е стопроцентно подготвен“ За состојбата на Алкарас зборуваше и легендарниот тренер Рик Мејси, кој во кариерата работел со Серена и Венус Вилијамс, како и со повеќе идни светски рекети број еден. „Шпанскиот волшебник ќе биде подготвен и полн со енергија кога ќе излезе на теренот. Зглобот е стопроцентно подготвен, а одигра и многу тренинг-мечеви и сетови со други професионалци“, напиша Мејси на социјалните мрежи. Според него, Алкарас успеал паузата да ја претвори во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti