klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Земјоделството не е веќе запоставен сектор: Владата успеа за половина мандат да испорача конкретни резултати

Земјоделството не е веќе запоставен сектор: Владата успеа за половина мандат да испорача конкретни резултати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 07:23:26

Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада, нерешени предмети кои директно влијаеја врз егзистенцијата на земјоделците. Најголем проблем кој го остави претходната влада беа субвенциите. Кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за период од околу година и пол, а над 1600 вработени во ЈП Национални шуми беа оставени без плати повеќе од 4 месеци, како и без здравствено и пензиско осигурување, посочуваат од владејачката партија. -Најважната обврска, која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реализираше беше токму исплаќање на субвенциите, а за две години исплатени се над 15 милијарди денари субвенции, додека во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства. Субвенциите во сточарството се зголемија за 50% и се укина непотребната бирократија со двојно пријавување, со што се спречи 7000 земјоделци да останат без финансиска поддршка. За производителите, се зголеми откупната цена на тутунот и се донесе методологија за пресметка на производна цена на винско грозје. Резултатот беше највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За младите земјоделци беа одобрени 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони евра, а за промоција на македонското земјоделство се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti