Зеленски: Во руските напади во поширокиот регион на Киев убиени се 17 лица, а 44 лица се повредени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во руските напади во поширокиот регион на Киев изведени во текот на ноќта биле убени 17 лица, а 44 лица се повредени. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека меѓу погодените места се пиварница, магацини на градежни материјали и платформи за цивилна логистика. „Оние објекти што немаат никаква врска со војната“, напиша тој на Телеграм. Украинскиот претседател, кој верува дека пресретнувачите се способни да неутрализираат балистички ракети, ги повикува сојузниците на Украина да ги забрзаат испораките на системи за воздушна одбрана, додавајќи дека доколку сојузниците им имаа испорачано ракети пресретувачи сега ќе имаше помалку жртви . Зеленски ги повика земјите од Г7 и Европската Унија да ги зајакнат санкциите против руската индустрија за балистички ракети, која ја смета за недоволно насочена. По руските напади, градските власти во Киев им препорачаа на граѓаните да ги затворат прозорците, поради привременото влошување на квалитетот на воздухот предизвикано од пожарите по нападите. (МИА)

