klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски: Украина превентивно ќе напаѓа објекти што ги користи Русија за проширување на своите воени напори

Зеленски: Украина превентивно ќе напаѓа објекти што ги користи Русија за проширување на своите воени напори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 06. 2026. 19:58:15

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека им наредил на украинските разузнавачки служби и на украинската војска „да преземат превентивни мерки против објекти што Русија ги користи за проширување на своите воени напори“. -Се бориме за нашата земја, за нашиот народ, рече Зеленски на Телеграм. Украинскиот претседател додаде дека руските власти ја преместуваат својата противвоздушна одбрана околу Москва во Новгородската област, каде што се наоѓа една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин. Преместување, исто така, има и околу мостот што го поврзува Кримскиот полуостров со Русија. Овие распоредувања се вршат „на сметка“ на заштитата на остатокот од Русија и ги покажуваат „приоритетите на руските власти, кои ја штитат својата моќ - изворот на оваа војна“, додаде Зеленски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti