Зеленски: Украина погоди нафтен објект и големи логистички центри длабоко во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили погодиле два големи логистички објекти во Московската и во Тамбовската област во Русија, како и руски нафтен објект, како одговор на руските напади врз украинската цивилна инфраструктура. „Денеска нашите удари со оружје со долг дострел погодија цели во три региони на руската територија, како и на нашите привремено окупирани територии и на море. Поточно, како одговор на руските напади врз нашата цивилна инфраструктура, градови и населени места, беа погодени два големи логистички објекта во Московската и во Тамбовската област, оддалечени повеќе од 500, односно околу 700 километри од линијата на фронтот“, напиша Зеленски на Фејсбук. Според него, овие објекти биле користени за испорака на компоненти што се под меѓународни санкции, наменети за производство на беспилотни летала и навигациска опрема. Зеленски додаде дека бил погоден и нафтопреработувачки објект, а украинските сили со оружје со среден дострел извршиле напади и врз цели во Азовското Море, во Црното Море и на привремено окупираниот Крим. „Им благодарам на припадниците на Силите за специјални операции, на Вооружените сили на Украина, на Службата за безбедност на Украина (СБУ), на Главната разузнавачка управа (ГРУ) и на сите единици на украинските одбранбени сили за прецизното и координирано извршување на…
Povezane vijesti

Gudeljevi roditelji se u Andaluziji molili za naslednika, Bog im uslišio molitve: Malo ko zna da su Anastasijini tast i tašta veliki vernici, o Nebojšinom delu će se tek pričati

Париз од 2027 година ќе го удвои данокот за празните станови
