klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на разговори со САД за постигнување мир

Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на разговори со САД за постигнување мир
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 20:39:49

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со САД за постигнување мир преку преговори. Украинската дипломатија е „во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп“ за процесот на преговори со Русија и е подготвена за „сите формати на состаноци, изјави Зеленски во секојдневното вечерно обраќање до нацијата. Сметаме на (американските пратеници) Стив Виткоф и Џаред Кушнер да бидат активни во текот на август, посочи Зеленски. Тој додаде и дека продолжуваат дипломатските напори „со други партнери, особено во земјите од Заливот“, додавајќи дека сè уште не може да открие детали.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti