Svijet Sjeverna Makedonija
Зеленски со санкции за креaторите на „Маша и медо“ во Украина

Kurir.mk·Тале Кристо·21. 08. 2026. 11:36:29
Претседателот Володимир Зеленски потпиша четири декрети со кои се спроведуваат одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Меѓу санкционираните се претпријатија од рускиот воено-индустриски комплекс, компании поврзани со „Русал“, како и анимираната серија „Маша и медо“. Ограничувања се воведени за студиото „Анимакорд“, кое ја создаде серијата, и за пет руски државјани. На листата се наоѓаат основачот и извршниот директор на студиото, сценаристот, коавторот или копродуцент и носителот на авторските права. Советот за национална безбедност и одбрана соопшти дека серијата шири проруски пораки преправени како содржина за деца и претставува закана за националната безбедност на Украина.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


