klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски: Русија планира да ангажира уште 30 илјади севернокорејски војници

Зеленски: Русија планира да ангажира уште 30 илјади севернокорејски војници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 19:30:29

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија планира да ангажира уште 30 илјади војници од Северна Кореја. „Подготовките се во тек од јуни во руската Воронешка област за нивен прием. Северна Кореја, исто така, се подготвува да префрли во Русија дополнителни лансери за балистички ракети“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“. Тој нагласи дека тоа не претставува закана само за Украина, туку дека Русија и помага на Северна Кореја „да научи како се води војна, да го усоврши своето оружје и да стекне вистинско борбено искуство во неговата употреба“. „Сето тоа претставува закана за сите во Азија кои се во дострел на севернокорејските ракети“, изјави Зеленски. Пјонгјанг и претходно испраќаше војници во Русија, заедно со ракети и муниција, како поддршка за руската воена кампања во Украина. Тие беа распоредени во западниот руски регион Курск, каде учествуваа во операциите за потиснување на украинските сили кои ја контролираа таа област речиси една година – од август 2024 до крајот на пролетта 2025 година.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti