klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски: До есен треба да се одржат нови трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД

Зеленски: До есен треба да се одржат нови трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 19:37:53

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека до есен треба да се одржат нови трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон изнаоѓање решение за војната. На заедничката прес-конференција во Киев со ирскиот премиер Михол Мартин, Зеленски се осврна на предлозите што, како што рече, ги добил за време на телефонскиот разговор со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој изјави дека украинската страна сака во најскоро време да разговара за американскиот предлог, по што, според досегашната практика, Вашингтон би требало да ги продолжи разговорите со Москва. - Потоа, ако увидиме дека имаме можност сериозно да разговараме за тој план, мислам дека ќе има трилатерална средба. Секако, сето тоа треба да го направиме до есен - рече Зеленски. Тој додаде дека Украина би сакала таквата средба да се одржи уште овој месец. - Но, не зависи сè од нас. Американците сакаат средба, но не смееме да заборавиме дека нивното внимание сега е насочено кон Иран - истакна украинскиот претседател. По средбата со ирскиот премиер, Зеленски изјави дека разговарале за заканите и предизвиците со кои Украина се соочува во пресрет на есента. Тој ја поздрави одлуката на Европската Унија за усвојување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti