Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. - Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници - МАКАМТРАНС. Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба. (МИА)
Povezane vijesti

U Britaniji uvode stroge kazne za nasilnu pornografiju: Evo što će biti zabranjeno

„Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
