klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Здружени против реформите и државниот напредок, СДС, ДУИ и Левица го блокираа последниот реформски закон

Здружени против реформите и државниот напредок, СДС, ДУИ и Левица го блокираа последниот реформски закон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 07:47:59

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ самостојно реализирала девет од вкупно десетте реформски закони предвидени со Реформската агенда, соопшти денеска владејачката партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, единствената незавршена реформска обврска е носењето на Изборниот законик, за што ја обвинува опозицијата, односно СДС, Левица и ДУИ, дека со блокади го спречиле неговото усвојување. „Наместо поддршка за реформите и процесите кои се од интерес за државата и граѓаните, овие три политички партии повторно се обединија со единствена цел да го закочат напредокот и да го попречат спроведувањето на реформските политики“, наведуваат од партијата. Во соопштението се оценува дека блокадата на Изборниот законик претставува обид за создавање политичко алиби за претстојните избори, наместо конструктивен придонес кон реформскиот процес. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија е меѓу најуспешните земји во регионот во спроведувањето на законите од Реформската агенда и во користењето на средствата од Планот за раст, што, како што наведуваат, е резултат на посветената работа на Владата. Партијата додава дека, и покрај, како што велат, блокадите и опструкциите од опозицијата, ќе продолжи со реализација на реформите и исполнување на преземените обврски, со цел обезбедување напредок на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti