klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Здравјето на најстариот европски монарх, норвешкиот крал, е влошено

Здравјето на најстариот европски монарх, норвешкиот крал, е влошено
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 10:23:40

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд (89) се влоши во текот на викендот, што тој го мина в болница, соопшти кралската палата. „Здравствената состојба на Неговото Височество, кралот, се влоши во текот на викендот. Кралот прима антибиотици за бактериска инфекција на крвта и позитивно реагира на третманот“, се вели во известувањето. Харалд, денес најстариот монарх во Европа, беше примен во болница поради лекување од анемија. Како што се додава, кралот Харалд засега е во стабилна состојба. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti