Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор на 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот

Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно - здравствените препораки за заштита од топлото време. - Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, основна и прва, е да се избегнува напорна физичка активност во текот на денот - и тоа од 11 до 17 часот. Доколку на таа температура се изложени работниците, особено оние кои работат во отворени простори, треба да имаат повеќе паузи во текот на денот, односно да бидат помалку изложувани на сонце и да бидат под сенка, да имаат внесување голема количина течности - истакна докторот. Во однос на исхраната, наведе дека треба да се внесува што е можно поголемо количество на лесна храна, помалку мрсна и висококалорична храна, да не се внесува храна што содржи големо количество шеќери. Докторот посочи дека лицата над 65-годишна возраст кои ја земаат редовно терапијата, ако не се чувствуваат добро во текот на денот, треба да се консултираат со своите матични лекари. Дополнително, ако се…


