Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда

Обвинителството во завршните зборови за предметот во кој е обвинета поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, побара Судот како отежнителна околност да ја цени нејзината функција во времето на извршување на делата, оценувајќи дека во текот на постапката биле докажани и двете кривични дела што ѝ се ставаат на товар. По изнесувањето на завршните зборови, Судот ја закажа објавата на пресудата за 14 јули годинава во 13 часот. Обвинителката Наташа Поп Трајкова денеска изјави дека обвинетата ги сторила делата како претседател на институција чија основна задача е заштита на јавниот интерес и спречување на корупцијата. -Обвинителството смета дека ги докажа и двете кривични дела сторени од страна на обвинетата. Како отежнителна околност е тоа што истата овие дела ги сторила како претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата - истакна Поп Трајкова. Во однос на обвинението за компјутерски фалсификат поврзано со добивањето безбедносен сертификат, обвинителката посочи дека ваквото постапување претставува закана за системот на издавање сертификати за пристап до класифицирани информации. - Обвинителството смета дека со ваквото постапување се нарушува целиот систем на добивање безбедносни сертификати, особено имајќи ја предвид сензитивноста на класифицираните информации, како и фактот дека државата е членка на НАТО…
Povezane vijesti

Обвинителството бара осуда – одбраната ослободување на екс претседателката на Антикорупциска, Димитровска

Што пресуди за Даниела Димовска да биде избрана за претседателка на Кривичниот суд
