Завршија работите за асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки од едната страна на улицата „Ферид Мурад“

Општина Чаир информира дека се завршени работите за асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки од едната страна на улицата „Ферид Мурад“, со што е реализирана уште една значајна фаза од проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница. По асфалтирањето на поголемиот дел од улицата, завршувањето на овие патеки придонесува за подобрување на безбедноста и функционалноста на инфраструктурата, создавајќи посоодветни услови за секојдневно движење на пешаците и велосипедистите. Работите ќе продолжат и од другата страна на улицата, односно на делницата во близина на топланата, согласно предвидената динамика за реализација на проектот. Општина Чаир останува посветена на модернизацијата на патната инфраструктура, подобрувањето на урбаната мобилност и создавањето побезбедни, пофункционални и попристапни јавни простори за сите граѓани.


