klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 06:17:16

Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е повик до жителите да не ги напуштаат домовите. Тајванската метеоролошка служба соопшти дека тајфунот „Саудел“ што во моментов се движи кон јужниот дел на јапонскиот архипелаг Окинава, се очекува во петок да помине покрај северен Тајван. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti