Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка

По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР - Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, јавните претпријатија и други релевантни институции. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од денеска интензивно спроведува мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, особено по булеварот „Туристичка“, но и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Сообраќајното обезбедување ќе ги опфати и магистралните, регионалните и локалните патишта од Охрид кон Свети Наум, заштитниот појас покрај патиштата, улиците во населените места, како и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на Охрид. СВР Охрид упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање…


