Започна пријавувањето за Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2026

Во населеното место Пиперево, под покровителство на општина Василево и годинава ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал Ч’крче за кој пријавувањето е во тек и ќе трае до сабота, 11.07.2026 кога ќе бидат одредени паровите за игра. „На Петровден, 12.07.2026 година (недела), Ве очекуваме на игралиштето во центарот на Пиперево, за уште едно спортско дружење исполнето со фер-плеј, почит и сеќавање“, стои во ФБ објавата на градоналачникот на општина Василево Славе Андонов, по повод Меморијален турнир во мал фудбал „Ч’крче“, кој се одржува во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов – Ч’крче. Според правилата, на турнирот можат да учество имаат екипи само од Струмичкиот регион. Котизацијата е 4000 денари. За најдобрите екипи и поединци, организааторот обезбедува награди. За контакт и дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на 072 621 289 Ице, 078 858 269 Оливер и 070 645 102 Атанаско. Советот на општина Василево на последната одржана седница донесе одлука за финансиска поддршка на турнирот со што како вистински партнер го осигурува неговиот континуитет и ја потврдува заложбата н аопштината за поддршка на спортот и негување на традицијата.
Povezane vijesti

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Во СДСМ не се загрижени што Македонија загуби четири милиони од недонесувањето на Изборниот законик
