klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Започна Д Фестивал – најголемиот македонски опен-ер музички фестивал

Започна Д Фестивал – најголемиот македонски опен-ер музички фестивал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·27. 06. 2026. 18:02:57

Во Штип започна одржувањето на најголемиот опен-ер музички фестивал во Македонија – Д ФЕСТИВАЛ Со тридневна програма која деноноќно ќе се одржува од 26 до 28 јуни, градот Штип е домаќин на илјадници посетители од земјава и регионот, како и стотици артисти кои ќе приредат над 80 музички концерти на 5 сцени. Годинава во полн сјај се враќаат фестивалскиот камп и неверојатното шаренило од дополнителните културно-уметнички, спортски и забавни содржини во славната Плоштарт зона на оваа манифестација. Денеска точно на пладне официјално беа отворени фестивалските порти за 16-тото издание на Д Фестивал, а целата фестивалска програма е отворена со слободен влез за сите посетители. „Сметаме дека во време кога културата се соочува со сериозни предизвици, важно е да направиме сѐ што можеме за да ја доближиме до луѓето. Ги отвораме вратите на Д Фестивал, овозможуваме тој да биде достапен за што повеќе луѓе и веруваме дека токму културата и уметноста треба да бидат просторот што нѐ обединува“, вели Огнен Стојаноски од организацискиот тим на Пасворд Продакшн. Првата Фестивалска вечер претставува и ексклузивна хип-хоп едиција која ја предводи американската хип-хоп легенда Диџеј Премиер, но и рап милениците од регионот Смоке Мардељано, Фат Фили и домашните култни претставници на жанрот Страјк и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti