klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·09. 07. 2026. 09:41:56

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се вршат мерења, додека температурата на површината на светските мориња го достигнала највисокото ниво за тој месец во историјата на мерењата. Просечната температура во Западна Европа во јуни изнесувала 20,74 степени Целзиусови, што е за повеќе од три степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Според „Коперник“, под Западна Европа се подразбира регионот што ги опфаќа Шпанија и Обединетото Кралство, а се протега кон исток до Италија, Германија и делови од Австрија. Во последните три месеци регионот беше зафатен од дури три интензивни топлотни бранови, а Шпанија и Португалија и оваа недела повторно се соочуваат со екстремно високи температури. „Јуни 2026 година покажа колку длабоко се менува климата“, изјави научничката Саманта Бургес од службата „Коперник“. Според неа, последиците се интензивирани топлотни бранови, трајно загреани океани и зголемени ризици за луѓето, еко-системите и инфраструктурата во Европа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti