Занимливости во врска со светските првенства во фудбал: Најдобри репрезентации, играчи, голгетери, згоди и незгоди

Денес ќе изнесам некои интересни бројки за репрезентациите на светските првенства(број на учества, победи, порази, дадени, примени голови), освоени прво, второ и трето место, најдобри стрелци, најдобри играчи, играчи со најмногу настапи, највисоки победи, најмлади/најстари играчи, па и најдобар/најдобри тимови, иако тоа е прашање на вкус. Досега, на 22-те Светски првенства шампионската титула ја освоиле сам 8 земји. Најтрофејни земја е Бразил со освоени 5 златни божици(тоа е блескавата статуа на Ника, божицата на победата. Оваа божица 4 пати победнички ја дигале репрезентативците на Германија и Италија, Аргентина има 3 шампионски титули, Уругвај и Франција по 2, а по еднаш ја освојувале Англија и Шпанија. Интересно е што Германија има и 4 втори и исто толу и трети места на светските првенства, па по тој параметар е најуспешна. Веднаш до Германците се Бразилците со 2 втори и трети места, Италија со 2 втори и 1 трето место, Аргентина со 3 втори места, Франција со по 2 втори и трети места, Холандија со 3 втори и 1 трето место, Унгарија и Чехословачака со по две 2 места, Шведска 1 второ и 2 трети места, Хрватска со 1 второ и 2 трети места, Полска со 2 трети места, а САД, Југославија, Австрија…

