klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Заменикот командант на НАТО корпусот за брзо распоредување – Италија во работна посета на Армијата

Заменикот командант на НАТО корпусот за брзо распоредување – Италија во работна посета на Армијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 20:19:05

Заменик-командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Италија (NRDC-ITA), генерал-мајор Доминик Бидик, престојуваше во работна посета на Армијата на Република Македонија, при што оствари средба со заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин. Како што соопшти Армијата, на средбата во Генералштабот биле разгледани актуелните активности и соработката со НАТО, со акцент на учеството на македонските војници во мисиите и операциите на Алијансата, заедничките обуки и развојот на армиските капацитети. „Армијата има активна улога во НАТО водените мисии, а учеството на припадниците во НАТО команди и штабови, како и заедничката обука и вежби, се од клучно значење за унапредување на интероперабилноста со сојузниците и за понатамошниот развој на капацитетите согласно концептот на Алијансата за одвраќање и одбрана“, истакнал генерал-мајор Азим Нуредин. Во текот на средбата, генерал-мајор Доминик Бидик изразил благодарност за придонесот на македонската Армија во активностите на Алијансата. „Континуираниот и професионален придонес на припадниците на вашата Армија во рамките на активностите и операциите на НАТО корпусот е високо ценет“, порачал Бидик. Во рамки на посетата, заменик-командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Италија ги посетил и дел од командите и единиците на Армијата сместени во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Од Армијата оценуваат дека посетата претставува потврда за успешната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti