klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зајакнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки

Зајакнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 10:29:39

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces" ( GivEUvoice – Остварување на гласовите на младите низ европските простори), финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+. Проектот има за цел да го зајакне учеството на младите во процесите на донесување одлуки, да поттикне соработка помеѓу младите, граѓанските организации и локалните самоуправи и да придонесе кон развој на младинските политики во периферните региони на Европа. Во своето обраќање градоначалникот им порача дека тие како млади се двигател на промените во нашето општество и дека нивните идеи, енергија и труд имаат вредност и значење. „Верувајте во себе, поддржувајте се меѓусебно и не се откажувајте при првата пречка. Во рамките на Општина Битола постои Локален младински совет кој будно ги следи сите процеси во нашиот град, работата на локалната самоуправа и Советот на Општина Битола и заедно ги креираме политиките кои ги засегаат младите. Со поддршка на Општината функционира и Младинскиот центар со кој раководат неколку невладини организации, а кој е место каде што младите можат да се активираат, информираат и едуцираат во повеќе области“ рече градоначалникот Коњановски. Општина Битола има потпишано и меморандум…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti