Зајакнување на соработката меѓу Министерството за правда и Комората на извршители

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, на која беше разговарано за актуелните предизвици во извршителската дејност и можностите за унапредување на законските решенија. Комората на извршители, која од 2006 година има континуирана соработка со Министерството за правда, ги презентираше своите забелешки и предлози во однос на измените и дополнувањата на Законот за извршување, како и подготвеноста активно да придонесе во понатамошната работа на работната група. Министерството за правда останува посветено на инклузивен процес на законски реформи, во кој ќе бидат разгледани сите конструктивни предлози со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поправеден систем на извршување, во интерес на граѓаните, правната сигурност и владеењето на правото.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
