klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·23. 08. 2026. 10:06:52

Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани. Како што објави на социјалните мрежи, Мицкоски на вчерашната прослава истакнал дека со вера, работа и љубов кон Македонија продолжува градењето на подоброто утре. - Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да го градиме подоброто утре што го заслужуваат нашите деца и сите граѓани, стои во објавата. Тој изрази благодарност до членовите, симпатизерите и граѓаните на Кочани за, како што наведе, топлината и гостопримството.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti