Заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари денеска во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини. Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите. Тој нагласи дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации. Посебно беше истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена. Министерот Тошковски упати благодарност до експертските тимови, правните советници…
Povezane vijesti

Potvrđeno osam godina zatvora za zločine u Foči

Usred ljetne špice, u Dubrovniku se već sprema i novogodišnji spektakl; Franković najavio: Velika vijest! Stižu legende
