klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Заедничка заложба за поефикасен и потранспарентен нотаријат

Заедничка заложба за поефикасен и потранспарентен нотаријат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 11:25:23

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува посветено на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен чинител на правосудниот систем, со цел унапредување на владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti