klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 15:07:14

Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Акцијата е резултат на првично добиени информации од ФБИ, по што следувала заедничка, координирана истрага насочена кон откривање и сузбивање на криминалните активности поврзани со нелегалниот онлајн пазар „OLVX“. -Според обезбедените докази, пријавениот во периодот од 2023 до 2025 година бил администратор на домени и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви. Во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви, наведува МВР. Истрагата дополнително утврдила дека во периодот од 2025 до…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti