klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 13:00:09

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода. Од Општината соопштуваат дека според резултатите од лабораториските испитувања, во водата се утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од пропишаните услови согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. - По добиеното известување со насоки за постапување од Центарот за јавно здравје- Велес, комуналниот и инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија преземаа активности за информирање на граѓаните. На наведените чешми се поставени табли со предупредување дека водата не е исправна за пиење. Дополнително, ќе се преземаат соодветни мерки за отстранување на можните извори на загадување, како и соодветен третман за дезинфекција, се вели во објавата на Општината. Надлежните појаснуваат дека водата од природните чешми наведени во известувањето потекнува од природни извори и не е дел…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti