klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези…

За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези…
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 12:09:49

Подзаконските акти за Законот за органодарителство - уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел дискусија за органодарителството, со цел едуцирање на граѓаните за процесот на трансплантација и поттикнување да бидат органодарители за да спасат живот. Проф д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација, за МИА изјави дека бројките на пациенти кои чекаат за трансплатнација во Македонија варираат од ден во ден и од час во час заради, појасни, извршена трансплантација, починат пациент кој навреме не добил органи или од други причини, а секогаш се регрутираат и нови пациенти. - На донор за срце во Македонија чекаат 29 пациенти, 12 пациенти чекаат за трансплантација на црн дроб, 160 пациенти чекаат за бубрези и околу 20 пациенти чекаат за корнели-очни рожници, годинава веќе имавме оперирано 16 пациенти за очни рожници... За трансплантација на коски, коскени ткива и лигаменти нема листа на чекање, а се трансплантираат ткива од Банката за коски и коскени лигаменти коишто…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti