klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

За две години стабилизиран земјоделскиот сектор, во тек се капитални инвестиции и модернизација

За две години стабилизиран земјоделскиот сектор, во тек се капитални инвестиции и модернизација
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 07:14:52

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во изминатите две години Владата спровела мерки за стабилизација и модернизација на земјоделскиот сектор, при што, како што наведуваат, биле деблокирани повеќе капитални проекти кои со години биле во застој. Според партијата, повторно е активиран кредитот од германската KfW банка во вредност од 80 милиони евра, а забрзана е и реализацијата на проектот на Светска банка за модернизација на земјоделството. Во тек е изградбата на логистичко-дистрибутивен центар во Скопје, чија реализација се очекува до крајот на 2027 година, додека во Струмица се подготвува Центар за сортирање и складирање на земјоделски производи. Во соопштението се наведува дека е воведен дигитален систем за управување со земјоделско земјиште, склучени се над 2.100 договори за користење на околу 6.000 хектари државно земјиште, а дополнителни 2.000 хектари наскоро ќе бидат ставени на располагање на земјоделците. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и дека во водостопанството минатата година биле обезбедени 132 милиони денари поддршка, а површините под наводнување се зголемиле од 14.000 на 17.700 хектари. Како реализирани или активирани проекти ги наведуваат браните Конско и Речани, хидросистемот Равен-Речица, системите за наводнување Колибари, Сарај и Турија, проектот Злетовица, како и обезбедени европски средства за проектите Сопот и Новаци. Во делот на шумарството, партијата тврди дека секторот преминал…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti