klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·27. 06. 2026. 18:54:05

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот „Србија, едно семејство“, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“. „За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите интереси. Не сакав да им служам на никого освен на граѓаните на Србија. Ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката. Ќе бидам претседател уште неколку недели, па ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ на митингот на владејачката Српска напредна странка пред Домот на Народното собрание. Тој во говорот додаде дека им подава рака на студентите. „Студентите прво беа играчка во рацете на политичарите, потоа во рацете на другите. Ги молев да разговараат, сакаа да разговараат со сите, не сакаа да разговараат со својот претседател. Нема странец со кого претставниците на универзитетот не разговарале. Денеска ви подаваме рака и велиме – по илјадити пат ви се обраќаме. Ви простуваме сè што направивте, но не сме наивни и нема да заборавиме што ѝ беше направено на земјата во…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti