klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Второ продолжение на надзорната расправа за спроведување на законите и институционалните мерки за превенција од семејното насилство

Второ продолжение на надзорната расправа за спроведување на законите и институционалните мерки за превенција од семејното насилство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 06:54:54

Вo Собранието денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе го одржи второто продолжение на надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа искази ќе дадат и ќе одговораат на прашања од присутните - Верица Делева, координатор на социјални услуги на град Скопје, Ленче Илиевска, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка, Наташа Котева, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштинаски центар за социјална работа Струмица, Данче Коцевска, в.д. директор на ЈУ Центар за социјална работа Валандово. Надзорната расправа ќе се одржи во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието во 10 часот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti