klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Второ продолжение на надзорната расправа за превенција и заштита од семејно насилство: Посилна координација, повеќе ресурси и системски решенија

Второ продолжение на надзорната расправа за превенција и заштита од семејно насилство: Посилна координација, повеќе ресурси и системски решенија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 11:23:25

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Свои искази дадоа сведоците: Верица Делева, координатор на социјални услуги на Град Скопје, Ленче Илиевска, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Крива Паланка, Наташа Котева, в.д. директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Струмица, и Данче Коцевска, в.д. директор на ЈУ Центар за социјална работа – Валандово. Во своето обраќање, Верица Делева се осврна на практичната примена на законите за спречување на семејното насилство. Таа нагласи дека секој предмет бара индивидуален пристап, процена на ризикот и навремено постапување, а како најголеми предизвици ги посочи зголемениот број случаи на семејно насилство и недостигот од стручни кадри за навремено и ефикасно постапување. Потребата од интегриран пристап – систем кој ќе се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот – беше во фокусот на излагањето на Ленче Илиевска. Таа истакна дека се неопходни поголема меѓуинституционална координација, развој на сервисните услуги, обезбедување сместување за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti