klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 06:15:30

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Како што кажа претседателката на заедничката прес-конференција со Мурму, ја потврдиле заедничката решеност билатералните односи да се издигнат на уште повисоко ниво, го поздравиле засилениот интензитет на политичкиот дијалог по министерските размени меѓу Скопје и Њу Делхи и се согласиле дека контактите меѓу владите, министерствата, парламентите и институциите треба да станат почести, подобро структурирани и поамбициозни. Во текот на разговорите идентификувале многубројни области за зајакнување на економската соработка, меѓу кои автомобилската индустрија, фармацевтската, здравството, информатичките технологии, „аутсорсингот“ на деловни процеси, обновливите извори на енергија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti