ВТА воведува задолжителен генетски тест за тенисерките

Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека воведува задолжителен генетски тест за сите тенисерки кои сакаат да се натпреваруваат на турнирите под нејзино покровителство. Тестирањето за генот SRY е еднократна процедура, со земање брис или примерок од крв,a правилото стартува веднаш. Според сегашните правила, на ВТА турнирите можеа да настапуваат тенисерки на кои им била извршена операција за промена на полот и во период од две години потоа одржувале пониско ниво на тестостерон. Меѓу активните тенисерки на турнирите во организација на ВТА не е познато дека настапува тенисерка која го променила полот. Единствената тенисерка која го промени полот беше Рене Ричардс, која настапуваше од 1977 до 1981 година, а подоцна ја тренираше прославената Мартина Навратилова.


