klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Вртлог пред студенски кампус во Кина: Торнадо однесе сè на својот пат, најмалку 11 мртви

Вртлог пред студенски кампус во Кина: Торнадо однесе сè на својот пат, најмалку 11 мртви
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 07. 2026. 08:32:59

Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силно невреме што ја погоди кинеската провинција Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџоу, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови проследени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, 53 општини регистрирале налети на ветер од осум до 13 степени според Бофортовата скала, што влијаело на околу 14.600 жители. Во две општини беа измерени ветрови од 13 степени, додека во некои области беа регистрирани и торнада. Властите соопштија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошкиот завод на Хубеи соопшти дека издал голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа, почнувајќи од 11 часот наутро во вторник. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 останаа на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови. На граѓаните им се препорачува да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 припадници на разни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош. Градот Еџоу активираше црвена тревога…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti