klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници

Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 12:45:25

Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, но го зголемуваат и ризикот од појава на болести и штетници. Агрометеоролозите предупредуваат, земјоделците да ги следат посевите и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита. Ккао што велат, сувото и топло време единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на некои места е веќе завршена. -Повеќето од културите се во фаза на берба. Компирот во некои региони е во фаза на цветање, кога се јавува интензивно формирање на клубени, чиј број и големина во голема мера зависи од условите. За време на овој важен период, кај компирот е потребно наводнување, прихрана, заштита од болести штетници и плевели. Градинарските култури се во интензивен раст и имаат голема потреба за вода. Секоја култура во својот развој има критични фази за вода зашто е голема потрошувачката и секој недостиг силно се одразува на приносот. Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Виновата лоза е во фаза на интензивен пораст и е доста осетлива на инфекции од најзначајните болести (пламеница, пепелница, сиво гниење)…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti