Врховната рада го избра Сергеј Корецки за нов премиер на Украина

Врховната рада на Украина го одобри предлогот на претседателот Володимир Зеленски за назначување на Сергиј Корецки за нов премиер на земјата. За неговото назначување гласаа 289 пратеници. Корецки станува четвртиот премиер за време на претседателскиот мандат на Зеленски, заменувајќи ја Јулија Свириденко, која на функцијата беше нешто помалку од една година. Новиот украински премиер има 48 години и е роден во Луцк. Тој е претприемач и менаџер со долгогодишно искуство во нафтената и гасната индустрија. Пред назначувањето на премиерската функција беше генерален директор на групацијата „Нафтогас“. Корецки во 2006 година се кандидира за пратеник во Врховната рада и за член на Волинскиот регионален совет како кандидат од листата на Народниот блок на Литвин. Во 2007 година тој стана генерален директор на управувачката компанија на групацијата „Континуум“, функција што ја извршуваше до 2013 година. Во тој период холдингот обединуваше повеќе од 200 компании во Украина, меѓу кои и синџирот бензински пумпи „ВОГ“ (WOG), млечната компанија „Халичина“, Херсонската рафинерија за нафта, брендот сирења „Комо“, дистрибутивната компанија „Волинобленерго“ и други претпријатија. Во 2013 година Корецки беше назначен за генерален директор на синџирот бензински пумпи „ВОГ“. Во 2019 година ја основа компанијата „Идеалист кафе“. Во ноември 2022 година беше назначен за раководител на државната…


