klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВРЕДИ: Протестот на ДУИ во Тетово е политичка паника, а не борба за граѓаните

ВРЕДИ: Протестот на ДУИ во Тетово е политичка паника, а не борба за граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 15:10:38

ВРЕДИ со соопштение реагираше на вториот протест што го организираше ДУИ во Тетово во врска со имињата на улиците и плоштадите, оценувајќи дека станува збор за обид на партијата да ги заштити сопствените политички интереси, а не за протест во интерес на граѓаните. Од ВРЕДИ тврдат дека протестот не бил израз на незадоволство на тетовци, туку, како што наведуваат, „манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време“. Во соопштението потсетуваат дека ДУИ повеќе од две децении била дел од локалната и централната власт и сметаат дека наместо да се извини за, како што велат, неисполнетите ветувања и проблемите што ги оставила зад себе, сега се обидува да се претстави како жртва. ВРЕДИ ги отфрла и тврдењата на ДУИ дека протестот бил попречуван, оценувајќи дека таквите обвинувања претставуваат обид да се оправда, како што велат, неможноста на партијата да мобилизира поголем број граѓани. „ДУИ мора да разбере дека Тетово не е ничија сопственост. Времето кога оваа партија веруваше дека може да зборува во име на сите Албанци е завршено. Граѓаните избраа промени и нема враќање назад“, се наведува во реакцијата. Од партијата додаваат дека секој нов протест, според нив, е доказ дека ДУИ нема визија и одговори за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti