ВРЕДИ: На Коридорот 8 активно се работи, ДУИ се распаѓа

Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВРЕДИ што го пренесуваме интегрално. „Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи повеќе. Наместо да прават празна врева и да го вмешаат НАТО во својата пропаганда, нека објават барем еден документ со кој ќе го поткрепат своето тврдење за „4 спрема 1“. На Коридорот 8 активно се работи. На делницата Гостивар–Букојчани работите се одвиваат на 17 од вкупно 31 километар, а активностите продолжуваат и на Тетово–Гостивар, како и на другите делници. Коридорот 8 е стратешки проект и ќе биде реализиран. Лажевте додека бевте на власт, а продолжувате да ширите невистини и сега кога сте во опозиција. Рефлектирајте, бидејќи им станавте товар на граѓаните. Ако продолжите со ова темпо, граѓаните ќе ве избришат од политичката карта.
Povezane vijesti

Tramp uz komplimente Rusiji: Tražio sam od Putina da pusti iz zatvora američkog nastavnika

Пожар на депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица
