ВРЕДИ: Илинден е потсетник на стремежите за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република

По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Македонија им го честитаме празникот, велат во честитката од партијата ВРЕДИ. Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер. Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме како држава и општество, како и да ги зајакнеме меѓусебното разбирање, соработката и посветеноста на општото добро, без оглед на етничките, верските или политичките разлики. Одговорност на сите нас е да ги чуваме и унапредуваме овие вредности, градејќи модерна, праведна и рамноправна држава во која секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и рамноправен. Само така можеме со сигурни чекори да ја водиме земјата кон европското семејство, се вели во честитката на ВРЕДИ.
Povezane vijesti

(Фото) ИСТОРИСКИ ШОК ЗА СОФИЈА - Големата тајна на Бледскиот договор

Novi okvir za radnike: Potpisan sporazum Hrvatske i Uzbekistana
