klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

„Вреди“: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

„Вреди“: ДУИ ја обезвреднува албанската политика
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 10:50:14

Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението од „Вреди“. -Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас. Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење. Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика. За да се спасат од кривична одговорност за нивното коруптивно поведение во последните Влади на СДСМ, малата група околу Ахмети се нуди политички да одработи ВМРО да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори. Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза, велат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti