ВРЕДИ: Денес официјално започнува изградба на автопатот Скопје-Блаце

Денес и официјално ги започнуваме градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце, една од најзначајните инфраструктурни артерии за поврзување на Македонија со Косово, велат во партиското соопштение од партијата ВРЕДИ. Повеќе од една деценија, овој автопат беше повеќе политичко ветување отколку конкретна реалност. Редовно служеше како изборен аргумент; неколкупати беше „пресечена лентата“ за почеток на работите, многупати беше предвидуван во државниот буџет, но на крајот сè завршуваше во ќорсокак. Од денес, на овој јаз му доаѓа крајот. Денес се отвора реалната перспектива за изградба на патот. Затоа што патиштата не поврзуваат само градови или држави. Тие ги поврзуваат луѓето со можностите, економиите со пазарите, заедниците меѓусебно и земјите со развојот и напредокот. Уште од антички Рим, патот се смета за симбол на животот, движењето и цивилизацијата. И Теодор Рузвелт ја гледал инфраструктурата и патиштата како еден од показателите за силата и цивилизацискиот развој на едно општество. Историјата нè учи дека таму каде што се градат патишта, се отвораат и нови можности за трговија, економски развој, комуникација и напредок. И не е случајно што токму денес, на роденденот на најпознатата скопјанка во светот, хуманистката и нобеловката Мајка Тереза, започнуваме со изградба на пат што ќе ги поврзува луѓето. Таа пешачеше по…
Povezane vijesti

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

HAŠKI SUD NA UDARU: Washington ga napada, a Evropska unija okreće im leđa
